Вашиот прв албум е креиран. Flickr им задава некои основни параметри на поставените фотографии кои вие потоа можете да ги промените. Една од тие работи е лиценцирањето. Тука ќе ги споменеме Creative Commons лиценците.

Намената на овие лиценци е зголемување на достапноста на содржини кои авторите сакаат да ги споделат со светот, како и на содржини кои се во јавна сопственост. Криејтив комонс ги користи приватните права на авторите за да креира јавни добра – креативни дела бесплатно достапни за определена намена. Секоја лиценца на Криејтив комонс се темели на Законот за авторски права. Притоа, ползата за авторите кои споделуваат под Криејтив комонс е поголемата достапност и промоција, со истовремена заштита на авторските права до одреден степен. За корисниците на ваквите дела, пак, ползата е во можноста за нивно користење за други цели, додека истовремено треба да ги испочитуваат условите кои ги поставиле авторите.

Flickr18

Flickr овозможува обележување на поставените дела со ваков тип лиценци.

Flickr18-1

Flickr19

Ова можете да го правите за секоја фотографија поединечно, како што е прикажано, додека за сите фотографии од еден албум или за повеќе фотографии одеднаш се користи опцијата Edit, која се наоѓа под ознаката за целиот албум, од десната страна.

Flickr21

Овде најпрво од долниот хоризонтален преглед влечете ги сликите за кои сакате да направите групна промена, а потоа од менито Batch organize може да изберете една опција во зависност од саканиот резултат. Во случајов од паѓачкото мени Permissions ја избираме опцијата Change licensing за да ја смениме лиценцата, која моментално забранува секаква недозволена употреба на сликите бидејќи се целосно заштитени.

Flickr22

Flickr23

Исто така, доколку секогаш сакате да користите еден тип лиценца, прилагодете ја опцијата од менито You, подменито Account, во јазичето Privacy&Permissions.

Flickr24

Flickr25

Flickr25-1

 

Goce ArsovskiЧување и споделување фотографии на интернет (Flickr)
Вашиот прв албум е креиран. Flickr им задава некои основни параметри на поставените фотографии кои вие потоа можете да ги промените. Една од тие работи е лиценцирањето. Тука ќе ги споменеме Creative Commons лиценците. Намената на овие лиценци е зголемување на достапноста на содржини кои авторите сакаат да ги споделат...