Целта на оваа иницијатива е да создаде услови за модернизација на пазарите на труд во поглед на зголемување на нивото на вработеност и гарантирање одржливост на нашите социјални модели. Ова значи зајакнување на луѓето преку стекнување на нови вештини што ќе овозможи сегашната и идната работна сила да се приспособи на новите условите и потенцијална промена на кариера, намалување на невработеноста и зголемување на продуктивноста на трудот.

На ниво на ЕУ, Комисијата ќе работи на:

  • дефинирање и спроведување на втората фаза од агендата за флексибилна сигурност, заедно со европските социјални партнери; идентификување начини за подобро управување со економските транзиции, борба против невработеноста и зголемување на стапката на активност;
  • приспособување на законодавната рамка, во согласност со принципите за „паметна“ регулатива; развивање на работните шеми (на пример, за работно време, позиција на работниците) и нови шеми за здравје и безбедност на работното место;
  • олеснување и промоција на мобилноста на работната сила во рамките на ЕУ и подобра понуда на работна сила за побрарувачката на пазарот со соодветна поддршка од структурните фондови, односно од Европскиот социјален фонд (ЕСФ), и промоција на напредна и сеопфатна политика за миграција на работната сила, којашто ќе даде флексибилен одговор на приоритетите и на потребите на пазарите на трудот;
  • зајакнување на капацитетот на социјалните партнери и целосно искористување на потенцијалот за решавање на проблеми што го поседува социјалниот дијалог на сите нивоа (ЕУ, национално/регионално, секторско, компаниско) и промоција на зајакната соработка меѓу институциите на пазарот на трудот, вклучително и јавните сервиси за вработување на државите-членки;
  • двавање силен поттик за стратегиската рамка за соработка во образованите и обуката, со вклученост на сите засегнати страни. Ова треба да резултира во спроведување на принципите за доживотно учење (во соработка со државите-членки, социјалните партнери, екпертите), вклучително и преку флексибилни патеки за учење меѓу различните сектори за образование и обука и преку зајакнување на привлечноста на стручното образование и обука. Социјалните партнери на европско ниво треба да бидат консултирани во поглед на развивање нивна сопствена иницијатива во оваа област;
  • гарантирање дека компетенциите потребни за натамошно учење и влез на пазарот на трудот се стекнати и признати преку општо, стручно, високо и образование за возрасни, и развивање на заеднички јазик и оперативна алатка за образование/обука и работа: европска рамка за вештини, компетенции и работни профили (ESCO).

На национално ниво, државите-членки треба:

  • да спроведат сопствени национални патеки за флексибилна сигурност, онака како што беше договорено од страна на Европскиот совет; да ја намалат сегментацијата на пазарот на трудот и да ја олеснат транзицијата, како и помирувањето меѓу работниот и семејниот живот;
  • да ја ревидираат и редовно да ја следат ефикасноста на даночните и социјалните системи, со цел да гарантираат дека работата се исплати, со посебен фокус на лицата со ограничени вештини, а во исто време да ги отстранат мерките што обесхрабруваат самовработување;
  • да промовираат нови форми на баланс меѓу работата и прватниот живот и активни политики за стареење, и да ја зголемат еднаквоста меѓу половите;
  • да промовираат и да го следат ефективното спроведување на резултатите од социјалниот дијалог;
  • да дадат силен поттик за спроведување на Европската рамка на квалификации, преку воспоставување на национални рамки на квалификации;
  • да гарантираат дека компетенциите потребни за натамошно учење и за влез на пазарот на трудот се стекнати и се признати преку општо, стручно, високо и образование за возрасни, вклучително и преку неформалното и аформалното образование;
  • да развијат партнерства меѓу световите на образование/обука и работа, особено преку вклучување на социјалните партнери во планирањето на обезбедувањето образование и обука.
adminУдарни иницијативи
Целта на оваа иницијатива е да создаде услови за модернизација на пазарите на труд во поглед на зголемување на нивото на вработеност и гарантирање одржливост на нашите социјални модели. Ова значи зајакнување на луѓето преку стекнување на нови вештини што ќе овозможи сегашната и идната работна сила да се...