Целта на оваа иницијатива е да обезбеди економска, социјална и територијална кохезија, надградувајќи се на тековната европска година на борба против сиромаштијата и социјалното исклучување, со цел да ја зголеми свеста и признавањето на фундаменталните права на луѓето кои се соочуваат со сиромаштија и социјално исклучување, што ќе им овозможи достоинствен живот и активно учество во општеството.

На ниво на ЕУ, Комисијата ќе работи на:

  • трансформација на отворениот метод на координација за социјално исклучување и социјална заштита во платформа за соработка, колегијална ревизија и размена на добри практики, и во инструмент кој негува заложби на јавните и приватните актери за намалување на социјалното исклучување, и за преземање конкретни акции, вклучително и преку таргетирана поддршка од структурните фондови, односно од ЕСФ;
  • дизајнирање и спроведување на програми за промоција на социјални иновации за најранливите групи, особено преку обезбедување иновативно образование, обука и можност за вработување за обесправените заедници; борба против дискриминацијата (на пример, на лицата со попреченост) и развивање нова агенда за интеграција на миграните, со цел да им се овзоможи целосно да го искористат својот потенцијал;
  • проценка на соодветноста и одржливоста на системите за социјална заштита и пензиско осигурување, и идентификување начини за обезбедување подобар пристап до системите за здравствена нега.

На национално ниво, државите-членки треба:

  • да промовираат споделена колективна и индивидуална одговорност во борбата против сиромаштијата и социјалното исклучување;
  • да дефинираат и да спроведат мерки кои се однесуваат на конкретните околности на групите изложени на посебни ризици (како што се семејствата со еден родител, постарите жени, малцинствата, Ромите, лицата со попреченост и бездомниците);
  • целосно да ги применат своите системи за социјална сигурност и пензиско осигурување за да гарантираат соодветна поддршка на приходите и пристап до здравствена нега.
adminУдарни иницијативи
Целта на оваа иницијатива е да обезбеди економска, социјална и територијална кохезија, надградувајќи се на тековната европска година на борба против сиромаштијата и социјалното исклучување, со цел да ја зголеми свеста и признавањето на фундаменталните права на луѓето кои се соочуваат со сиромаштија и социјално исклучување, што ќе им...