Внатрешна комуникација
Замислете ситуација во која претседателот на Комисијата за односи меѓу заедниците дознава од медиумите за најновите активности на Комисијата или ситуација кога цел град знае што планирала и што изјавил претседателот, а повеќето од членовите немаат увид во неговата работа. Кога членовите во Комисијата информациите ги добиваат од страна, преку медиуми или од канали„рекла-кажала“, бидете сигурни дека нема да ја имате нивната поддршка, ниту нивното одобрување при спроведувањето на локалните политики.Внатрешните односи со јавноста подразбираат навремена, континуирана и планска комуникација меѓу сите членови на КОЗ, Советот на општината и локалната администрација. Ова се внатрешните јавности кои треба заеднички да изградат ефикасна и компетентна служба што ќе работи за општиот јавен интерес, а не меѓусебно да се третираат и да се гледаат само како извршители на работни задачи.

Внатрешната комуникација претставува приоритет за секоја организација. КОЗ мора да обезбеди постојана размена на информации и соработка на сите нивоа (по хоризонтала и по вертикала, од горе-надолу и од долу-нагоре) Комисијата и во општината: Совет, градоначалник, раководители, службеници).

Внатрешната комуникација мора да обезбеди дијалог мeѓу членовите на КОЗ, да ја поврзе Комисијата, односно внатрешната јавност со надворешните јавности и да тргнува од членовите како прва, а не како последна целна група на односите со јавноста.

Придобивките од добрата и ефикасна внатрешна комуникација се големи и значајни:

•         Членовите на Комисијата полесно ќе донесуваат вистински одлуки знаејќи дека тие се во согласност со вкупните цели.

•         Се намалува удвојувањето на работите, бидејќи секој знае што работи другиот.

•         Се намалуваат секојдневните конфликти, бидејќи нема да има борба за приоритети, туку тие ќе се знаат однапред.

•         Се гради долгорочна организациска култура на работење кон заедничка цел.

•         Се обезбедува континуитет и координација во работењето.

•         Ефикасно се користат ресурсите.

•         Се зголемува довербата меѓу членовите.

•         Полесно се контролира сработеното.

•         Се зголемува продуктивноста на трудот.

Da_NE_se_zaborava

Чекори за успешна внатрешна комуникација

Chekori_za_uspeshna_vnatreshna_komunikacija

Алатки за внатрешна комуникација

Секоја КОЗ треба да ги избере и да ги користи оние алатки за внатрешна комуникација кои се најсоодветни и најефикасни за нејзината работа. Не постои рецепт за тоа како треба да изгледа внатрешната комуникација на една организација, ниту, пак, постои листа на задолжителни начини, методи и алатки за комуникација. Комисијата сама треба да направи селекција и да ги развие алатките за комуникација, соодветно на нејзините потреби и расположливи средства и капацитети. Додека една организација има средства и капацитети да купи или да креира своја електронска внатрешна комуникација, друга може да ги користи бесплатните интернет-мрежи, како, на пример, Скајп.

Најчесто користените и најефикасните алатки за внатрешна комуникација можеме да ги поделиме во три основни групи: за лична комуникација, за писмена комуникација и за ИТ–комуникација.

Личната комуникација е исклучително важна и ефикасна, бидејќи обезбедува директна меѓусебна и двонасочна комуникација. Таа бара физичко присуство на сите комуникациски страни, а бара и соодветно време и простор. Основни алатки на личната комуникација се:

  • Состаноци на сите членови,
  • Состаноци со градоначалникот и со раководителите на одделенија,
  • Состаноци со членови на советот,
  • Состаноци „еден на еден“,
  • Собири (забава, прослава, награди и признанија и др.).

Внатрешната комуникација подразбира и интензивна писмена комуникација, која овозможува брзина и ефикасност, а обезбедува и писмен доказ за реализираната комуникација.

Развојот на технологијата и современиот начин на работење ја наметнува ИТ- комуникацијата, не како избор, туку како нужност за брза, ефикасна и евтина комуникација на секоја организација, институција и локална самоуправа. Основните алатки на ИТ-комуникацијата се:

  • Е-пошта,
  • Интернет,
  • Чет, форум, блог,
  • Заедничка база на податоци и др.

 

Контрола на внатрешната комуникација

Откако ќе се воспостави системот на внатрешна комуникација во КОЗ, потребно е тој систем постојано да се следи, да се унапредува и да се менува, доколку на подолг рок покаже определени слабости и пропусти во комуникацијата меѓу членовите.

Токму затоа, треба постојано да се набљудува и анализира дали членовите имаат доволно информации за да ги извршуваат своите задачи, дали алатките за внатрешна комуникација се користат од страна на сите и дали се тие ефикасни, дали има потреба од менување или унапредување на постојните начини на комуникација и др.

Воспоставениот систем на внатрешна комуникација не претставува неменлива категорија, туку систем кој треба постојано да се надградува и унапредува. Само на ваков начин внатрешната комуникација ќе може да ù овозможи непречен развој на Комисијата и да ù обезбеди нејзина добра репутација и углед.

http://akcija.mk/wp-content/uploads/2015/04/vnatresna-kom.pnghttp://akcija.mk/wp-content/uploads/2015/04/vnatresna-kom-300x300.pngadminОдноси со јавноста
Внатрешна комуникација Замислете ситуација во која претседателот на Комисијата за односи меѓу заедниците дознава од медиумите за најновите активности на Комисијата или ситуација кога цел град знае што планирала и што изјавил претседателот, а повеќето од членовите немаат увид во неговата работа. Кога членовите во Комисијата информациите ги...