На 20.05.2015 во салата за состаноци на Советот на општина Куманово, Здружение Млади Европски Федералисти на Македонија го презентираше проектот ”Советниците дискутираат, граѓаните читаат. Како до потранспарентни локални совети?“, кој ќе го имплементира во партнерство со 5 граѓански организации. Проектот се спроведува во партнерство со 5 други граѓански организации, додека на овој настан беа презентирани и целите на овој проект, а тие се:

  • Зголемување на транспарентноста и отчетноста на работењето на единиците на локалната самоуправа, со посебен фокус на општинските совети;
  • Унапредување и олеснување на пристапот до информации од јавен карактер за граѓаните од опфатените општини;
  • Зголемување на свеста и капацитетите на вработените во општинската администрација за овозможување на  пристап до информации од јавен карактер

DSC_1151

Се презентираше и декларацијата „Мрежа од граѓански организации за ефикасно активно учество“, која претставува платформа за соработка на граѓански организации, неформални инцијативи и поединци кои работат на полето на доброто владеење. Таа се стреми кон унапредување на доброто владеење како еден основните предуслови за демократизација на општеството и напредок во евро-атланските интеграции на РМ. На овој настан шест граѓански организации ја потпишаа декларацијата, со што и се приклучија во Мрежата од граѓански организации за ефикасно активно учество.

DSC_1172

На презентацијата на проектот ”Советниците дискутираат, граѓаните читаат. Како до потранспарентни локални совети?“ присуствуваа 24 претставници од граѓански организации, двајца претставници од Општина Куманово и 7 претставници на локални медиуми и онлајн портали кои ја споделија веста за овој јавен настан како и целта на овој проект, во продолжение се наведени сите објави од медиуми за овој настан:

DSC_1105

Во текот на овој јавен настан се одвиваше и дискусија за досегашни искуства и предизвици во активното граѓанско учество при што се споделија искуства на присутните граѓански организации со институциите во реализацијата на претходни и тековни проекти, при што во дискусијата се приклучија и претставници од Општина Куманово. Граѓанските организации кои беа дел од дискусијата побараа од институциите да бидат потранспаретни и отворени за споделување на податоци од јавен карактер.

Овој проект е имплементиран во рамки на проектот „Мрежа од граѓански организации за ефикасно граѓанско учество“ спроведен од Фондацијата Метаморфозис во партнерство со Македонскиот ентар за европско образование (МЦЕО), со финансиска помош од Европската унија преку програмата „Поддршка за зајакнување, одржливост и развој на активно граѓанско општество“.

http://akcija.mk/wp-content/uploads/2015/07/DSC_1187.jpghttp://akcija.mk/wp-content/uploads/2015/07/DSC_1187-300x300.jpgAdrijana SelmaniВестиНастаниПромотивни настани
На 20.05.2015 во салата за состаноци на Советот на општина Куманово, Здружение Млади Европски Федералисти на Македонија го презентираше проектот ”Советниците дискутираат, граѓаните читаат. Како до потранспарентни локални совети?“, кој ќе го имплементира во партнерство со 5 граѓански организации. Проектот се спроведува во партнерство со 5 други граѓански организации, додека на овој...